Фудбал
Реал Мадрид и Манчестер Сити во трката за ѕвездата на ПСЖ
ПСЖ би можел да загуби еден од лидерите во одбрана во летниот преоден рок. Маркињос игра за францускиот тим веќе 6 години и се чини дека сака да ја смени околината на крајот на сезоната. На 25-годишниот играч му треба нов предизвик во кариерата и интересот за него е голем.
Реал Мадрид и Манчестер Сити се двата клуба што се борат за бразилецот. Пеп Гвардиола го гледа како важен играч во својот тим. Бразилецот би формирал прилично добар тандем со Лапорт во центарот на одбраната.
Шпанците од друга страна размислуваат за иднината и треба да најдат замена на капитенот Рамос. Лидерите не се загрижени само за замената на Шпанецот, исто така дефанзивецот Рафаел Варане изрази желба да си замине. Лидерите го сметаат Маркињос за идеален на таа позиција.
