Фудбал
Реал Мадрид има план за Азар за следната сезона
Сезоната на Еден Азар заврши по неговата операција минатата недела, пишува АС. Така Реал Мадрид веќе размислува што да прави со својот играч во следната кампања.
Според изданието, клубот веќе го отпишал Азар поради неговите повреди, развојот на Винисиус Јуниор и очекуваниот трансфер на Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен . Сепак, таму се надеваат дека ќе ја врати формата од времето во Челзи за да можат да го продадат. Азар беше привлечен во 2019 година за 115 милиони евра, но никогаш не успеа да ја оправда големата сума за трансфер. Затоа во Мадридсе надеваат дека ќе си вратат дел од вложените пари со тоа што ќе му најдат нов клуб. Затоа планираат следната сезона да го отстапат крилото на друг тим. Целта е на тој начин да се најде купувач, како и да се заштедат трошоци на неговата огромна плата која е 15 милиони евра по сезона. Претстојниот Мундијал може да го убеди белгискиот репрезентативец да се согласи на ваков потег за да добие поголема минутажа.
Real Madrid's Hazard plan: https://t.co/LZkOq38nnc pic.twitter.com/G1x8V3UfJh
— AS USA (@English_AS) April 4, 2022
Оваа сезона 31-годишниот Азар , чиј договор е до 2024 година, има 22 натпревари со 1 гол и 2 асистенции на сите турнири, а редовните отсуства поради различни физички проблеми го спречуваат да биде важна фигура за тимот.