Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид, Интер и Баерн се здружија, најавија големи спектакли за следната година

Реал Мадрид, Интер и Баерн Минхен договориле меѓусебни мечеви кои ќе се одиграат во 2021 година, кога секако ќе можат да присуствуваат и навивачи. Сите приходи од влезниците, од тв правата, продадени навивачки реквизити, ќе бидат наменети за посебен фонд за помош здравствените инстиции во Шпанија, Италија и Германија.

Дуелите ќе се играат вака, Реал Мадрид против Интер во Мадрид, Интер против Баерн во Милано, а Баерн против Реал Мадрид во Минхен.

На трите меча ќе присуствува и здравствен персонал, кој секако бил во првите борбени линии против Ковид-19.