Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид може да го привлече голманот на Наполи за резерва на Куртоа

Тимот на Реал Мадрид најверојатно ќе има нов втор голман за следната сезона, пишува „Марка“. Причината е што Андриј Лунин сака да бара поголема минутажа во друг тим поради тоа што тешко добива шанса за настап поради силниот настап на тврдиот стартер Тибо Куртоа.

23-годишниот Лунин нема намера да се раздели со Мадрид, туку само сака да биде прекомандуван во друг тим во кој почесто ќе игра. Тој веќе беше позајмен во три шпански екипи – Леганес , Ваљадолид и Овиедо . Иако тренерот Карло Анчелоти е фасциниран од неговата работа, украинскиот голман сезонава одигра само четири натпревари, а мечот со Атлетико Мадрид пред 10 дена беше негов прв во Ла Лига со тимот, иако беше купен во 2018 година.

Така Реал ќе бара нов голман за следната кампања, а засега се насочи кон Давид Оспина од Наполи . 33-годишниот играч оваа сезона одигра 33 натпревари, но договорот му истекува и се очекува на лето да го напушти тимот како слободен играч. Колумбиецот веќе соработуваше со Анчелоти на Партенопеи и се согласи да се пресели на Сантијаго Бернабеу, сфаќајќи дека тој ќе биде резерва на Куртоа.