Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид не е повеќе заинтересиран за Мбапе, сметаат дека Бразилецот е подобар од него!

Иако речиси една година сите светски медиуми пишуваа дека Мбапе ќе се пресели во Реал Мадрид, сепак најверојатно од тоа нема да има ништо, барем не во блиска иднина. Како штопишува угледната шпанска “Марка” раководството на Реал повеќе не е толку “загреано” за Мбапе. Наводно тие се убедени дека нивниот Винициус Жуниор е подобар од Французинот. Поради тоа нема да тргнат по Мбапе, а може да се очекува само да се најде замена за Бензема, класична деветка.

Инаку, Бразилецот Винициус сезонава во шпанска Примера на 31 мечеви постигна 10 голови и 9 асистенции.