Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид од Бразил носи ново чудо од дете

Реал Мадрид пронајде уште еден млад и талентиран играч, во земјата на самбата.

Откако го донесе Винисиус Јуниор од Фламенго за 45 милиони евра лето 2018 година и Родриго оваа сезона за 40 милиони евра од Сантош, колонијата на бразилски талент што пристигнуваат во Реал би можела дополнително да се прошири.

Според „Марка“, Флорентино Перез сериозно насочил уште еден бразилски супер талент, Реиниер Жесус.

Тој има само 17 години и е напаѓач, а откупната клаузула во договорот со Фламенго изнесува зачудувачки 65 милиони евра.

Реал Мадрид планира да ја активира ова лето, со што ќе продолжи да ги подмладува кралевите.

Трансферот на Реиниер би бил клупски рекорд за тинејџерот, но тој рекорд на глобално ниво го држи Килијан Мбапе, кој замина во ПСЖ за 180 милиони евра.

Реиниер би можел да потпише договор во текот на летото, но трансферот не е можен пред 19 јануари 2020 година, кога Реиниер ќе стане полнолетен.