Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид се мачи со головите, а момчињата од 75 милиони играат во трета лига

Викендов што претстои на програмата е „Ел Класико“. Ќе го нема Еден Азар, но и Родриго, кој заработи црвен картон, но не на мечот против Леванте кој Реал го загуби со 1:0, туку на дуелот на резервниот тим против Сан Себастијан Рејес.

Младиот фудбалер беше стрелец во победата на Кастиља од 2:0, но по стартот на противничи играч и острата реакција заработи исклучуање. Казната е еден меч суспензија во сите натпреварувања, вклучувајќи го и дуелот Барса – Реал.

Ма тој меч, освен Родриго, настапи и младиот Рејниер исто така Бразилец кој во јануари пристигна од Фламенго.

Двајцата вкупно се платени 75 милиони евра, а играат во третата шпанска лига, т.н Секунда Б. Шпанска „Марка“ во текст посветен на Реал го поставува прашењето зошто Родриго игра во трета лига во моменти кога тимот се мачи со постигнувањето на голови.

За само неколку дена Реал Мадрид има два силни меча против Манчестер Сити во ЛШ и Барселона во „Ел Класико“.