Фудбал
Реал Мадрид со честитки за Барселона
Иако се најголеми ривали во шпанскиот фудбал, Реал Мадрид „симна капа“ на Барселона за освојувањето на шампионскиот трофеј покажувајќи респект кон ривалот, односно испрати честитка.
Вчеравечер Барселона го совлада Еспањол (4:2) во натпреварот од 34. коло на Ла Лига и предвреме ја освои титулата во лигата.
-Честитки за Барселона, шампион на Ла Лига во сезоната 2022/23“, стои во објавата на официјалниот Твитер на Реал Мадрид.
Барселона по 27-ми пат во историјата стана шампион на Шпанија и е втора по Реал Мадрид кој има 35 титули.