Фудбал
Реал Мадрид стартува во понеделник, до тогаш тројца играчи ќе бидат продадени
Реал Мадрид на теренот се враќа во понеделник, за кога Зинедин Зидан го закажа стартот на подготовките. На првиот тренинг ќе бидат Марсело, Милитао, Начо, Каземиро, Модриќ, Валверде, Иско, Бензема, Винисиус, Родруго, Одегард и Лукас Васкез. Овие играчи не се повикани за репрезентативните настапи. Куртоа, Азар, Рамос, Карвахал, Асенсио, Регуљон, Оскар, Луњин, Менди, Варан, Крос, Бејл и Јовиќ се повикани, па тие на тренинзите ќе се приклучат подоцна.
Но, тројца играчи нема да се враќаат повеќе во кампот на Реал. Оскар се сели во Севиља, Брахим во Милан, а Родригез во Евертон. До понеделник овие трансфери треба да бидат реализирани.