Фудбал
Реал Мадрид урива рекорд: Плаќа 223 милиони евра за замената за Роналдо
Еден Азард и понатаму е мета број еден на Реал Мадрид. Имено, англиски „Метро“ пишува дека „кралевите“ за одличниот играч на Челзи ќе понудат 200 милиони фунти, односно нешто повеќе од 223 милиони евра.
Иако преодниот рок за доведување играч во Премиер лигата заври, Англичаните и понатаму може да продаваат па така можна е продажба на Азард.
Реал Мадрид и понатаму не го пополни испразнетото место по заминувањето на Кристијано Роналдо, го сакаа Нејмар и Мбапе од ПСЖ, но Французите јасно порачаа дека овој двоец не е на продажба.
Истото го порачи и Челзи во минатото, но според пишувањето на „Експрес“, водството на Мадриѓани ќе се состане оваа седмица и ќе се разговара колкава понуда да се прати на клубот од Лондон.
Ако навистина Белгицот премине на „Сантијаго Бернабеу“ за 223 милиони евра, тоа би значел рекорден трансфер во историјата на фудбалот. За сега првото место го држи ПСЖ кој за Нејмар на Барселона плати 222 милиони евра.
Извор: sportclub.mk