Фудбал
Реал Мадрид за Нејмар нуди рекордни 260 милиони евра
Според дел од шпанските медиуми, претседателот на кралевите Флорентино Перес „тивко пати“ по Нејмар цели 12 години. Но, сега првиот човек на Реал верува дека е дојдено вистинското време за извонредниот Бразилец да го облече дресот на Реал, посебно поради тоа што тој е незадоволен во Париз.
Истиот извор тврди дека до реализација на трансферот патот е многу долг, но дека Нејмар има желба по само една година да се врати во Шпанија, каде одигра одличне мечеви во дресот на големиот ривал на Кралевите, Барселона.
Токму трансферот на Нејмар од Барселона во Париз за неверојатни 222 милиони евра ги сруши сите рекорди според висината на платеното обесштетување.
Нејмар инаку во моментов се рехабилитира од фрактурата на мететарзалната коска повреда заработена на крајот на февруари.
Поради што под знак на прашалник е и неговиот настап на Мундијалот во Русија, иако Бразилците сметаат дека тој ќе биде 100 проценти подготвен за настап.