Connect with us

Фудбал

Реал не го искористи домашното реми на Барса

Актуелниот фудбалски шампион на Шпанија, Реал Мадрид одигра без голови во саботата вечерта во рамките на 14-то коло на гостувањето кај Атлетик Билбао, и не го искористи ремито на водечката Барселона на свој терен со Селта Виго од 2:2 за да ја намали бодовната разлика.

На средбата во Билбао, во првото полувреме беше прикажана игра без многу жар но со неколку добри шанси особено пред голот на гостите, и се доби впечаток дека двете екипи се повеќе ориентирани да не примат гол и евентуално да го загуби натпреварот во овој дерби дуел. Во вториот дел „кралевите“ се трудеа да дојдат до трите бодови, но освен стативата на Кристијано Роналдо во последната четвртина од мечот, не сторија повеќе.

Фудбалерите на Барселона освоија само бод во саботниот натпревар од 14-то коло на шпанското првенство, откако на својот стадион одиграа 2:2 (1:1) против Селта Виго.

Гостите во 20 минута поведоа со голот на Јаго Аспас по добро изведениот контранапад. Барселона само две минути подоцна дојде до изендачување преки Лионел Меси.

Во второто полувреме, откако во 62 минута Луис Суаерез на додавање на Меси за водство од 2:1, се чинеше дека Барлсеона ќе дојде до новите три бода. Но веќе во 70 минута Макси Гомез изедначи.

Како и во претходниот дел од дуелот, во финишот играчите на Барселона создадоа многу шанси, но ниеднаш не успеаја да реализираат. Своја шанса имаа и гостите а најдобрата ја имаше во 87 минута Систо, кој сам изби пред Тер Штеген, но германскиот голман го запре неговиот удар и спречи сензација на „Ноу Камп“.

Атлетико Мадрид направи пресврт на својот стадион против Реал Сосиедад кој поведел од пенал во 29 минута преку Вилиан Хозе. Трите важни бода за домашните ги донесоа Филипе Лиус во 63 и Антоан Гризман во 87 минута.

Севилја со 2:0 го совлада Депортиво Ла Коруња. Стрелци беа Висам Бен Једер во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме и Михаел Крол-Дели во 78 минута.

Барселона остана на врвот од табелата со 36 бодови, пред Валенсија која има 31 бод но има и натпревар помалку. Третата досега непоразена екипа во Ла Лига по 14-кола е Атлетико Мадрид кој има сега 30 бодови на 3-то место и со саботната победа го му побегна на градскиот ривал Реал Мадрид кој има 28 бодови и е четврти.