Фудбал
Реал нуди две sвезди и пари за Пол Погба
Хамес Родригез и Маријано Дијаз би можеле да завршат во Манчестер, а Пол Погба во Мадрид.
Реал Мадрид ќе ги искористи сите можни средства за да стигне до Пол Погба.
„Ел Десмарке“ известува дека на „црвените ѓаволи“ ќе им бидат понудени двајца играчи, Хамес Родригез и Маријано Дијаз, како дел од договорот за францускиот играч од средниот ред.
Светскиот шампион со Франција продолжува да се споменува за евентуален потег во Лос Бланкос, кои размислуваат за неговата трансфер стратегија.
И, со двајца играчи плус пари, Јунајтед би можел да биде убеден да се откаже од Погба.