Фудбал
Реал подготвен да го отстрани вишок дефанзивец, Баерн Минхен ги отвора вратите
Шпанскиот дефанзивец Алваро Одриозола, кој игра со екипата на Реал Мадрид, се очекува да замине на позајмица за време на јануарскиот преоден рок. За 24-годишниот репрезентативец се заинтересирани Баерн Минхен, Атлетик Билбао и Севиља.
Одриозола, во својата втора сезона на „Бернабеу“, има одиграно само пет натпревари. Поради оваа причина, тој бара нов тим и понудите не изостануваат.

Доаѓајќи во летото 2018 година од Реал Сосиетад, Одриозола не успеа да го замени Дани Карвахал како десничар, завршувајќи на клупата. Баерн се чини дека е најзаинтересиран да ги добие услугите на играчите.
Сепак, играчот ќе замине само на позајмица.