Фудбал
Реал сака да се ослободи од Азар уште на лето
Реал на лето ќе оди на продажба на Еден Азар.
Белгискиот фудбалер е на излезната врата од Мадрид, а Карло Анчелоти речиси и не гледа во него.
Шпански „Гол“ пренесува дека Азар е подготвен, но дека не може да го убеди искусниот стручњак да му даде шанса.
Азар ги следи натпреварите од клупата за резерви, но не е тајна дека Реал сака да го продаде.
Белгиецот е скапо платен, а се споменува и можност за позајмица, но прашање е што ќе одлучи самиот фудбалер, кому веројатно не му пречи многу и да не игра, бидејќи парите редовно му се на сметката.
Азар пристигна во Реал за 115 милиони евра, а неодамна англиските медиуми објавија дека сакаат да го доведат Њукасл во своите редови.
Оваа сезона 31-годишниот фудбалер забележа вкупно 22 настапи со еден гол и две асистенции.