Connect with us

Фудбал

Реал спреми половина милијарда за Салах и Нејмар

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ќе направи големи промени во офанзивата на Кралскиот клуб во текот на летниот период за трансфер, објавија шпанските медиуми.

Очигледно, првиот човек на актуелниот шампион на Европа донесе конечна одлука за следната сезона, Реал Мадрид ќе потроши околу 500 милиони евра за нови засилувања. 

Според првичните извештаи, на радарот на клубот постојат два офанзивни играчи, имено, Бразилецот Нејмар, кој во моментов игра за ПСЖ и Мохамед Салах, кој го носи дресот на Ливерпул. 

Како што пишуваат медиумите во Шпанија, Нејмар во Реал Мадрид може да дојде пред Светското првенство, а за него клубот од Мадрид ќе му плати на ПСЖ блиску до 300 милиони евра. На Нејмар исто така треба да му се даде “подарок” дресот со број 10.

Од друга страна, Перез е подготвен да плати 200 милиони евра за да го донесе Мохамед Салах, кој ја одигра најдобрата сезона во неговата кариера, а ако Ливерпул ја освои Лигата на шампионите, на крајот на годината може да добие и златна топка.

Шпанските медиуми исто така пишуваат дека клубот ќе го напуштат Бензема и Бејл, Перез очекува дека со доаѓањето на Салах и Нејмар популарноста на Реал Мадрид значително ќе има пораст и дека  само од продажба на дресови Кралскиот клуб ќе ги исплати двете големи засилувања.