Connect with us

Фудбал

Реал тргна по Мбапе, но не по Килијан

Реал Мадрид сака да го ангажира одличниот француски напаѓач Килијан Мбапе.

„Кралевите“ се подготвени да ги срушат сите трансфер рекорди за да му овозможат на 21-годишниот Мбапе да го носи нивниот дрес во наредните сезони, но имаат и неколку интересни методи за да го направат попривлечен за нивниот тим.

Така, Реал е подготвен прво да го донесе неговиот помлад брат Итан во клубот. 13-годишникот покажува огромен талент и ги импресионира скаутите на шпанскиот гигант.

Се разбира, Реал веднаш покажа интерес за Итан. „АС“ тврди дека „Кралевите“ ќе се обидат да го ангажираат помладиот Мбапе и веруваат дека тоа ќе ја отвори вратата за потписот на Килијан во иднина.

Сепак, за евентуално пристигнување на Gвездата на ПСЖ, Реал би требало да подготви најмалку 300 милиони евра, што би било апсолутен рекорд меѓу трансферите.

Сегашниот носител на рекорд е секако Нејмар, за кого ПСЖ плати на Барселона во 2017 година 222 милиони евра-