Connect with us

Фудбал

Реал за него плати 63 милиони евра, а сега од него едвај ќе заработи 4 милиони

Лука Јовиќ (25) е блиску до заминување во турски Галатасарај, пишуваат локалните медиуми. Српскиот центарфор ја мина првата сезона во италијанска Фиорентина и постигна 13 гола и пет асистенции на 50 натпревари во сите натпреварувања. Италијанците ќе прифатат понуда од осум милиони евра, а половина од таа добивка ќе оди во рацете на Реал Мадрид.

Реал ќе заработи четири милиони евра поради договорот со Фиорентина при трансферот на Јовиќ минатото лето. Јовиќ потоа се пресели во италијанскиот клуб без обештетување, но Реал вклучи клаузула дека ќе добие 50 отсто од следниот трансфер на Јовиќ. Јовиќ потпиша за Реал во јули 2019. Шпанците за него му платија на Ајнтрахт Франкфурт 63 милиони евра, но во последните четири години не покажа дека вреди за тие пари. Во моментов, според Трансфермаркт, тој вреди осум милиони евра.