Connect with us

Фудбал

Реал заработи најмногу од продажба на играчи во време на корона

Мадрид, 12 септември 2020 (МИА) – Јубилејното, 90. издание на Шпанското првенство, попознато како Примера или Ла Лига, чии клубови скоро и да не беа неактивни во преодниот рок како сега, ќе започне со натпреварот Еибар – Селта.

Како што пресмета „Марка“, сите 20 клуба потрошија „мизерни“ 288,4 милиони евра на обештетувања за Примера, кои до пред неколку години само Реал и Барселона знаеја да ги дадат индивидуално.

Дури осум екипи решија да не издвојат ниту цент за обештетување, а меѓу нив е и шампионот Реал, во чија историја некој ќе мора да копа длабоко за да открие кога кралскиот клуб бил толку штедлив. Валенсија, Реал Сосиедад, Атлетик, Бетис, Алавес, Уеска и Елче се однесуваа како нив, односно без да влегуваат во преговори со други тимови зангажираа слободни играчи.

Не е тајна дека Барселона веќе долго време ја тресе финансиската криза. Но, претседателот Бартомеу повторно најде 103 милиони евра за да го ангажира Пјаниќ (60 милиони) од Јувентус, кој е најплатениот играч ова лето во Примера, а го следат Тринка (Брага, 31 милиони евра), Фернандез (Палмеирас, 7 милиони) и Педри (Лас Палмас, 5 милиони).

loading...

Атлетико Мадрид потроши 63 милиони евра, односно 56 за откуп на договорот на Мората од Челси и седум милиони за Иво Грбиќ, кој со преминот од Хајдук стана најплатен голман во историјата на хрватскиот клупски фудбал.

За да ги спазари Сусо (24 милиони), Оскар (13,5), Бона (4) и Ракитиќ (1,5), Севиља потроши 43 милиони евра, а Хетафе за Кукуреља (10) и Инала (9) – 19 милиони.

На кратко, како што објави самата „Марка“, клубовите од Примера се одлучија за „нискобуџетно“ (ефтино) засилување, барем кога станува збор за пари за компензација…

Доколку бидат вклучени на сметката и заминувањата, Реал заработи најмногу – 66,50 милиони евра, бидејќи ги продаде Хакими на Интер (40 милиони), Родригез на Евертон (13,5), Санчез на Ваљадолид (3), Фрутос – Леванте (2,5), Сора – Гранада (2), и Куба го позајми на Виљареал (2,5).

Валенсија (59,5 милиони евра), Бетис (35, Виљареал (11,5), Реал Сосиедад (5,25), Ваљадолид (7), Алавеш (4,4) и Елче (3,25) излегоа од летото во плус, додека на позитивна нула преодниот рок го комплетираа Атлетик, Селта, Леванте и Уеска .

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com