Connect with us

Фудбал

Регилон бира помеѓу Севиља и Манчестер Јунајтед

Манчестер, 12 септември 2020 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид, Серхио Регилон, сака повторно да се приклучи на Севиља на позајмица, бидејќи трансфер во Манчестер Јунајтед ќе стави крај на неговите надежи за враќање во Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.

Бекот веќе минатата сезона играше како позајмен играч за Севиља, но Мадрид има многу опции за лев бек, каде што се Марсело и Ферлан Менди.

Манчестер Јунајтед исто така сака да се засили со Регилон, но шпански „АС“ тврди дека дефанзивецот е поподготвен да остане во Ла Лига. Тој исто така е заинтересиран за понудата на Јунајтед и го привлекува идејата за долгорочен договор со тимот од „Олд Трафорд“ и можноста да игра фудбал во Лигата на шампионите.

Но, Регилон е свесен дека ако му се приклучи трајно на Јунајтед, тешко дека ќе се врати во Реал Мадрид, каде сонува да биде стартер.

loading...

Десниот бек има одлични односи со тренерот на Севиља, Хулен Лопетеги и сегашниот тим. Андалузијците ја освоија Лигата на Европа минатата сезона со Регилон во своите редови и играчот е убеден дека клубот ќе продолжи да се движи напред.

Преместувањето во Севиља ќе му остави отворена врата да се врати во Реал Мадрид следната година. Досега Зинедин Зидан не му даде шанса на Регилон во првиот тим, но долгорочната иднина на францускиот стручњак во клубот останува под знак прашалник.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com