Поврзи се

Фудбал

Реина причина за нов конфликт меѓу Милан и Донарума

На повидок е нов конфликт меѓу калчолигашот Милан и неговиот Џанлуиџи Донарума, бидејќи талентиран голман револтиран од ангажирањето на Пепе Реина размислува да го напушти клубот на крајот на сезоната.

Доаѓањето на Реина ја загрозува позицијата на Антонио Донарума, братот на првиот голман на „росонерите“ и тоа ја предизвикало лутината кај Џанлуиџи, објави „Кориере дело Спорт“.

Раководството на трофејниот италијански фудбалски великан одлучи да го донесе Донарума и покрај договорот со него дека при продолжување на соработката, Антонио ќе биде резервната опција.

Од ново настаната ситуација, најбесен е таткото на Донарума, Алфонсо кој се чувствува „изигран“ од клубот за кој настапуваат неговите двајца синови.

Во случај да си замине Донарума, Милан ќе го промовира Реина во прва опција за чувар на мрежата и би го вратил од второлигашот Тернана талентираниот Алесандро Плицари кој би бил прва замена.

ФОТО

loading...

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com