Connect with us

Фудбал

Рекорд на Меси: 500 голови и 200 асистенции на неговите последни 500 натпревари

И покрај тоа што има 32 години и се приближува кон крајот на кариерата, фудбалерот на Барселона, Лионел Меси продолжува да остварува импресивни настапи и да постигнува зачудувачки статистики.

Сега Квик Сетиен ќе стане последниот тренер на Барселона што ќе го искористи талентот на Лионел Меси. Тој докажа како е да се има играч на ниво на Меси во својот состав уште од неговиот прв натпревар во Барселона.

После 76 минути игра против Гранада, Барселона не успеа да го отклучи резултатот од мечот и покрај тоа што доминираше во играта со посед и додавања, во стилот „тик-так“ на Пеп Гвардиола.

По добрата комбинација помеѓу Антоан Гризман и Артуро Видал, Меси го постигна победничкиот гол за својата екипа. Со овој гол, Меси постигна уште еден импресивен рекорд, кој каталонскиот клуб не можеше да го остави без објавување.

Според официјалната веб-страница на Барселона, голот на Меси значи дека постигнал точно 500 голови на неговите последни 500 натпревари за Каталонците.

Во овој период, Меси допринесе 200 асистенции, додека неговиот рекорд од 358 победи, 89 нерешени и 53 порази покажува колку била успешна Барселона со него во составот.