Фудбал
Рекордер: Манчестер Сити има 16 играчи на Мундијалот, ќе заработи најмалку 3 мил
Познато е дека ФИФА ќе им исплати пари на клубовите за нивните играчи да играат на Светското првенство, поточно отсуството ќе биде платено.
А кога зборуваме за овој дел од приходите на клубовите, да кажеме дека најмногу играчи кои се најдоа на списоците на нивните репрезентации има од Манчестер Сити, поточно 16. „Граѓаните“ се рекордери во овој поглед.
Тоа значи дека и Манчестер Сити ќе заработи пристојна сума на пари, најмалку 3 милиони фунти ФИФА ќе треба да му плаќа на овој клуб или некаде околу 140.000 фунти дневно.
Ова се играчите на Манчестер Сити кои ќе патуваат на Мундијалот: Џон Стоунс, Кајл Вокер, Калвин Филипс, Фил Фоден, Џек Гралиш (Англија), Рубен Дијаз, Бернардо Силва, Жоао Кансело (Португалија), Родри, Ајмерик Лапорте (Шпанија). ), Едерсон (Бразил), Мануел Аканџи (Швајцарија), Нејтан Аке (Холандија), Кевин Де Брујн (Белгија), Јулијан Алварез (Аргентина), Илкај Гундоган (Германија).