Други спортови
Рекордер на трки на Македонија разочаран: Само картата ме чинеше 90.000, а државата ми даде 38.000 денари
-Чекајте да размислам, каде да одам да се подготвувам со овие пари, на овој начин ја почна својата реакција или разочараност македонскиот првак во атлетика Дарио Ивановски. Како што вели тој во 2020-та година само карата до Кенија го чинела 90.000 денари, а од државата, односно Агенцијата за млади и спорт добил само 38 илјади денари.
-Јас имам одговорност да ја чувам мојата татковина како што ме советуваше дедо ми. Гордо стојам и главата горе. Секогаш ќе го давам максимумот за неа, напиша Ивановски.
Cekajte da razmislam kade da odam da se podgotvuvam so ovie pari… ?
A ha.
Vo 2020 godina kartata od Kenija me kostase…Posted by Dario Ivanovski on Thursday, 11 February 2021
Дарио Ивановски во 2017-та победи на полумаратонска трка во Белград, а потоа и во Скопје. На Балканското првенство во Истанбул освои четврто место, а на трката на три илјади метри постави државен рекорд од 8:14:44 минути.
Минатиот месец на атлетското првенство во сала победи во Србија и постави исто така нов државен рекод на Македонија.
Сепак, по неговата реакција АМС ја увиде грешката, па истата ја корегираше. Од 38 илјади денари, го зголеми спортскиот ваучер за Ивановски на 200 илјади денари.