Connect with us

Фудбал

Рекордерот во Премиер лигата, Бери стави крај на професионалната кариера

Лондон, 27 август 2020 (МИА) – Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер сити и Евертон, Герет Бери се повлече од фудбалот, објави Скај Спорт.

Триесет и деветгодишниот англиски фудбалер го држи рекордот во Премиер лигата по бројот на одиграни натпревари. Тој има 653 натпревари во Англиското фудбалско првенство.

Бери стана шампион на Англија (2011/12) и победник на Купот на земја (2011) како дел од Манчестер сити.

Последниот клуб на играчот од средниот ред беше Вест Бром, за кој минатата сезона одигра шест натпревари. зс/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com