Connect with us

Фудбал

„Рекордите не се важни освен ако не ја освоиме титулата“

Ливерпул се движи со огромно темпо оваа сезона во Премиерлигата, со освоени 61 поен, 14 повеќе од Манчестер Сити кој се наоѓа на второто место. Како резултат на тоа, „црвените“ изгледаат самоуверено, но и како нови шампиони во Премиер лигата.

Сепак, дефанзивецот Ендру Робертсон се обиде да ја намали еуфоријата на тимот, велејќи дека само кога ќе ја подигне титулата ќе верува во триумф.

„Рекордите што ги поставивме сега не се важни ако не ја освоиме титулата на крајот на сезоната“, рече Робертсон.

„Дефинитивно треба да ја освоиме титулата за да ги направиме рекордите вредни. Премиерлигата е тешка лига, бидејќи секој натпревар е тежок. Колку повеќе победи толку повеќе ривали сакаат да ве победат, така што ништо не е готово. Се слави само во мај“ , рече Робертсон.