Кошарка
Ремек-дело на Дончиќ, но Клиперс се пласираа во полуфиналето (ВИДЕО)
ЛА Клиперс се пласираа во полуфиналето на Западната конференција откако во „мајсторката“ го совладаа Далас Маверикс со 126-111.
Натпреварот во „Стејплс центарот“ беше неизвесен до крајот на третиот период кога домашниот тим отиде на +15 (100: 85). На крајот, таа предност беше клучот за победа и минување во серија со 4:3.
„Мавси“ ја отворија серијата со две победи, но Клиперс не се предадоа и станаа шестиот тим кој успеа да се пробие по двата пораза на почетокот.
Лука Дончиќ е најдобриот играч на Мавс по кој знае кој пат. Неверојатниот Словенец го заврши мечот со 46 поени и 14 асистенции, но едноставно не можеше сам против Клиперс.
Победничкиот тим беше предводен од Кави Леонард (28 поени, 10 скока), Маркус Морис (23 поени) и Пол Џорџ (22 поени, 10 асистенции).
Клиперси во полуфиналето на Западот ќе се соочат со Јута Џез, најдобриот тим на конференцијата во регуларниот дел од сезоната.