Connect with us

Фудбал

Реми на контролниот натпревар меѓу Работнички и Борец во Велес

Published

on

Работнички и Борец ремизираа 1-1 денеска во контролниот тест во овие зимски подготовки за стартот на пролетниот дел.

„Романтичарите“ одиграа без победник (1-1) со велешки Борец во натпревар во кој составот на Александар Влахо дојде до предност во 16. минута со голот на Јован Петровиќ, но Борец израмни за конечни 1-1 во 81. минута од средбата со погодокот на Ибрахимовиќ.

За Борец ова беше втор тест дуел, бидејќи веќе загубија од Академија Пандев, а не успеаја да слават ниту против Работнички. За скопјани пак, ова беше прва средба во подготовките, а наредниот дуел за нив ќе биде в сабота со Тетекс.

Advertisement

Facebook