Фудбал
Ремизираше Милан, ремизираше и Наполи, се чини дека со мислите и двата тима беа на меѓусебниот реванш во ЛШ
Откако на првиот попладневен меч Милан ремизираше на гостувањето кај Болоња (1:1) ниту Наполи не успеа да слави против Верона. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас играше до 73-та минута, Осимен се врати на теренот, доби неколку минути, но голови немаше. Како да се чини дека и Милан и Наполи со мислите беа на реваншот меѓусебен во ЛШ кој се игра следната недела. Сепак, без разлика на ремито Наполи останува на првото место и веќе одамна е нов првак на Италија, само што треба да го потврди тоа и официјално. Најдобрата шанса ја имаше Осимен во 82-та минута кога ја погоди пречката.