Connect with us

Фудбал

Ренова го ангажираше Кулибали, екс младинец на ПСЖ

Прволигашот од Тетово, Ренова ги очекува противниците во 2.квалификациско коло од Лига Европа. Го има Алашкерт во првото коло славејќи со 1:0 на гостински терен. Жрепката за второто коло ќе се одржи во понеделник. Во пресрет на жрепката тетовскиот тим одлучи да се засили. Добисериозно засилување во одбраната.

Станува збор за Сулејман Кулибали, дефанзивец, кој може да игра како лев бек, но и стопер, а е поранешен младински фудбалер на ПСЖ во тимот за играчи до 17 години. Во досегашната кариера играше за неколку француски тимови од пониските лиги, а последни шест месеци настапуваше за косовска Дреница.