Фудбал
Ренова го изненади Вардар и издвојува победа од 2:0
Ренова денеска го пречека лидерот на табелата во ПМФЛ, Вардар.
Уште на почетокот на натпреварот, во 9. минута беше досуден пенал за Ренова. Гафури беше прецизен и донесе водство на својата екипа од 1:0.
Со овој резултат екипите заминаа на полувреме.
Иако се очекуваше Вардар да покаже значително подобра игра и да го сврти натпреварот во своја корист, сепак тоа не се случи. Во 62. минута од натпреварот Гафури зголеми на 2:0 повторно од пенал.
Вардар останува лидер на табелата со 43 освоени бодови, додека Реано е на седмата позиција на табелата со 28 освоени бодови.