Фудбал
Ренова остана без тренер, човекот што ја однесе Ренова во Европа си поднесе оставка!
По серијата лоши резултати на „гипсарите“ Ислами денеска официјално поднесе оставка на позицијата тренер во клубот.
41-годишникот одлично си ја вршеше работата, па ја доби довербата на управата, која пред пет месеци му овозможи да ја продолжи соработката на уште една година.
„Ислами не е повеќе тренер на Ренова откако си даде отказ на позицијата шеф на стручен штаб. Му благодариме за досегашниот придонес за развој на тимот во изминативе 17 месеци, и за историскиот пласман во Лигата на Европа“ – соопштија од ФК Ренова.
Од Ренова најавуваат дека наредниве денови ќе биде именуван новиот тренер на клубот.