Фудбал
Репрезентативците на Бразил во Доха се потсетија од каде тргнаа (ВИДЕО)
Фудбалската репрезентација на Бразил пристигна во Катар пред почетокот на Светското првенство.
Фудбалерите на Бразил беа сериозно изненадени во хотелот во Доха, каде ќе престојуваат за време на шампионатот на планетата.
Штом влегле во своите соби, повеќето од нив здивнувале или останале без зборови. Во секоја соба на ѕидот е закачена фотографија од фудбалерот како дете.
Симболиката е огромна, затоа што сегашните ѕвезди на репрезентацијата можат да се сетат од каде почнале и како го оживуваат својот голем детски сон – имено да бидат учесници на Светското првенство со својата земја.

Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго сподели видео на Инстаграм. Тој остана без зборови кога првпат влегол во својата соба и видел слика од себе како невино дете над креветот.