Фудбал
Репрезентацијата на Перу се тепаше со шпанската полиција, голманот уапсен (ВИДЕО)
По физичката пресметка меѓу полицијата и перуанската фудбалска репрезентација што се случи во понеделникот вечер во Мадрид уапсен е голманот Педро Гаљесе, јавија денеска светските медиуми повикувајќи се на официјални извори.
🚨 Peru players clash with Spanish police in Madrid. 😳👮♂️🇵🇪
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) March 27, 2023
Перуанските фудбалери денеска во Мадрид треба да одиграат пријателски натпревар против Мароко, а инцидентот се случи пред хотелот во кој е сместена репрезентацијата на Перу.
Incidents between the Spanish police and the Peruvian national team. This is in Madrid before Perú’s friendly against Morocco tomorrow. pic.twitter.com/VmEt8b8sJ4
— Nico Cantor (@Nicocantor1) March 27, 2023
Според шпанската полиција, пред хотелот биле собрани околу 300 перуански навивачи.
„Навивачите се обидоа да им пријдат на играчите и полицијата интервенираше меѓу играчите и навивачите за да се избегне стампедо. Еден играч удри полицаец во пределот на главата по што беше уапсен и однесен во полициската станица во Чамартин“, соопшти полицијата во Мадрид.
Перуанското Министерство за надворешни работи соопшти од своја страна дека идентитет на приведениот фудбалер е голманот на репрезентацијата Педро Гаљесе.
„Педро Гаљесе ја напушти полициската станица во која беше испрашан, а против него не е поведено обвинение и тој се врати во хотелот“, објави перуанското МНР на Твитер, додавајќи дека е побарано од домашните власти целосно расветлување на настаните.