Фудбал
Реприза на познатото финале во Истанбул на два дена пред финалето на Светското првенство
Ливерпул и официјално ги објави подготовките за Светското првенство во Катар. Мерсисајдерите ќе бидат во кампот во Обединетите Арапски Емирати на 12-дневен тренинг. За време на истиот, Ливерпул ќе одигра и два пријателски натпревари.
Првиот ќе биде против Олимпик Лион на 11 декември, а вториот ќе биде повторување на познатото финале во Лигата на шампионите во Истанбул, бидејќи Ливерпул ќе се соочи со Милан на 16 декември, што е само два дена до големото финале на Светското првенство. Натпреварите ќе бидат дел од таканаречениот „Дубаи Суперкуп“.
Dates for our two friendly matches against Lyon and AC Milan next month ⤵ pic.twitter.com/f27jlCljaD
— Liverpool FC (@LFC) November 15, 2022
Клубот објави дека за подготовката во Дубаи ќе летаат сите играчи на Ливерпул кои не добиле повик за СП 2022 година.