Connect with us

Фудбал

„Република“ тврди: Барселона и Јувентус подготвуваат голема размена

Доколку може да се верува на италијанскиот весник „Република“, Јувентус и Барселона подготвуваат голема размена. Имено, „Старата дама“ одамна е заинтересирана за Иван Ракитиќ, за кој одамна се шпекулира дека ќе замине од „Камп Ноу“. Од друга страна, Каталонците се заинтересирани за Федерико Бернандески.

Пред извесно време директорот на Барселона Ерик Абидал изјави дека на Ракитиќ му е соопштено дека во иднина нема да сметаат на него и дека оваа одлука е чисто од спортски тип.