Connect with us

Фудбал

Рестарт на италијанскиот фудбал, вечерва Јуве против Милан, без Игуаин и Ибрахимовиќ

Вечерва се рестартира италијанскиот фудбал. Јувентус и Милан ќе го одиграат првиот меч по прекинот поради коронавирусот. Ова е реванш меч од полуфиналето од Купот на Италија, првата пресметка заврши без победник 1:1. Секако дека вечерашниот дуел ќе се одигра без присуство на публика, со одредени строги мерки на претпазливост.

Првичните информации од Италија велат дека Јувентус вечерва ќе настапи без Игуаин, додека Милан без Ибрахимовиќ.

Утре вечер се игра вториот полуфинален натпревар, а се среќаваат Наполи и Интер. Првиот дуел го добија „наполитанците“ со 1:0 на гостински терен.