Connect with us

Фудбал

Ретко кој би го сторил истото како што го направи Алегри при неговото враќање во Јуве: Одби големо засилување за клубот

Војчех Шчесни ќе остане прв голман на Јувентус.

Џанлуиџи Донарума се поврзуваше со доаѓањето од Торино во минатото, но новиот тренер на клубот Масимилијано Алегри реши да го задржи Војчех Шчесни.

„Скај Спорт“ тврди дека Алегри е презадоволен од квалитетите што ги има Полјакот и решил да го задржи како прв голман во иднина.

„Алегри веднаш им соопшти на управата на клубот дека сака Шчесни да остане и го смета за еден од најдобрите четири голмани во светот”, рече Џанлука Ди Марцио, додавајќи:

„Џиџио беше приоритет на Јувентус, но Алегри ја донесе конечната одлука. Храбар и ризичен потег“, изјави Ди Марцио.

Донарума очигледно ќе потпише за ПСЖ, со кого постигна договор за пет години вреден 12 милиони евра.

Шчесни е член на Торинскиот клуб од 2017 година. Тој настапи на 137 натпревари за Старата дама и освои три титули шампион во Италија.

Претходно играше за Рома, Арсенал и Брентфорд.

Реклама

Facebook