Фудбал
Револуција: Натпревари не за 90, туку за 100 минути
ФИФА подготвува револуционерна промена, пишува авторитетното италијанско издание „Кориере дело спорт“. Од Светското првенство во Катар, кое ќе се одржи во ноември и декември, времетраењето на натпреварите може да се продолжи од 90 на 100 минути.
Corriere dello Sport цитира студија на Меѓународната спортска опсерваторија (CIES Football Observatory), според која топката е во игра во помалку од 65% од вкупното време на натпреварите во Лигата на шампионите.
Во англиската Премиер лига процентот е дури 62.
Според италијанските медиуми, идејата дошла лично од претседателот на централата Џани Инфантино, кој планира да се кандидира за нов мандат. Сепак, ФИФА се уште не ја предложила идејата за дискусија и не се знае дали за неа било разговарано на конгресот во Доха.
Ова е втора револуционерна идеја во последните месеци. Претходниот – светските првенства да се одржуваат за две наместо за четири години, наиде на сериозно противење.