Револуција во Тотенхем, Почетино отпушти 5 играчи

Тотенхем ја започнаа сезоната многу лошо, со само 11 освоени поени во првите осум кола од Премиер лигата и понижувачки пораз од 7:2 на домашен терен од Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Почеток што, според „АС“, го убеди тренерот Почетино да направи вистинска револуција во јануарскиот рок. Аргентинецот наводно го известил клубот дека ќе отстрани некои играчи од клубот.

На врвот на списокот е Кристијан Ериксен, чиј договор истекува следниот јуни. Другите четворица играчи кои можат да ги спакуваат куферите се Ерик Дајер, Серж Ауриер, Виктор Вањама и Бен Дејвис.