Connect with us

Фудбал

Резултати од првото квалификациско коло во Лигата на шампиони

Првото квалификациско коло во најпрестижниот фудбалски турнир во Европа, Лигата на шампиони, заврши вчера и веќе се познати двојките за второто квалификациско коло.

За македонските навивачи најважен е пласманот во второто коло на тетовска Шкендија, која иако во вторникот загуби од велшки ТНС со убедливи 4:0, во првиот натпревар на Градскиот стадион во Скопје беше убедлива со 5:0.

Во второто коло, македонскиот тим ќе се соочи со молдавски Шериф Тираспол.

Лига на шампиони, реванш-дуели од првиот квалификациски круг:

Шериф Тираспол (Молдавија) ​​- Торпедо Кутаиси (Грузија) – 3:0 (1:2 во првиот натпревар)
Карабах (Азербејџан) – Олимпија Љубљана (Словенија) – 0:0 (1:0)
Спартак Тарнава (Словачка) – 1:1 (0:1)
Розенборг (Норвешка) – Валур (Исланд) – 3:1 (0:1)
Сутјеска (Црна Гора) – Астана (Казахстан) – 0:2 (0:1)
Селтик (Шкотска) – Алашкерт (Ерменија) – 3:0 (3:0)

Резултати од вторникот:

ХИК Хелсинки (Финска) – Викингур (Фарски Острови) – 3:1 (2:1)
Валета (Малта) – Кукеши (Албанија) – 1:1 (0:0)
АПОЕЛ Никозија (Кипар) – Судува (Литванија) – 1: 0 (1:3)
Малме (Шведска) – Дрита (Косово) – 2:0 (3:0)
Апоел Бер Шева (Израел) – Флора Талин (Естонија) – 3:1 (4:1)
ТНС (Велс) – Шкендија (Македонија) – 4:0 (0:5)
Видеотон ФК (Унгарија) – Дуделанж (Луксембург) – 2:1 (1:1)
Црвена ѕвезда (Србија) – Спартак Јурмала (Латвија) ​​- 2:0 (0:0)
Крусејдерс (Северна Ирска) – Лудогорец (Бугарија) – 0:2 (0:7)
Легија Варшава (Полска) – Корк Сити (Република Ирска) – 3:0 (1:0)

Двојки за вториот квалификациски круг:

Астана (Казахстан) – Мидтјиланд (Данска)
Лудогорец (Бугарија) – Видеотон (Унгарија)
Кукеши (Албанија) – Карабах (Азербејџан)
Клуж (Романија) – Малме (Шведска)
Динамо Загреб (Хрватска) – Апоел Бер Шева (Израел)
Црвена ѕвезда (Србија) – Судува (Литванија)
БАТЕ Борисов (Белорусија) – ХИЦ Хелсинки (Финска)
Шкендија (Македонија) – Шериф Тираспол (Молдавија)
Легија Варшава (Полска) – Спартак Трнава (Словачка)
Селтик (Шкотска) – Розенборг (Норвешка)
ПАОК (Грција) – Базел (Швајцарија)
Ајакс (Холандија) – Штурм Грац (Австрија)

Дуелите ќе се играат на 24/25 јули и 31 јули/1 август.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com