Connect with us

Фудбал

Рибери мора „под нож“

Фудбалерот на Фиорентина Франк Рибери го чека подолга пауза поради операција, а тоа значи и нови проблеми за италијанскиот клуб.

Рибери го повреди скочниот зглоб на натпреварот против Лече на 30 ноември. Првично се сметаше дека не станува збор за сериозна повреда, новите лекарските прегледи покажале општетување на лигаментите и потребно е итна операција.

Според лекарите, Рибери ќе биде надвор од теренот скоро два месеци.