Connect with us

Други спортови

Риболовот и голфот можат да почекаат, одам по трофејот на АО

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал призна дека полека се подготвува за тениска пензија, но засега рибарењето и голфот можат да почекаат бидејќи тој сериозно планира да оди по трофејот на Австралија опен.

Надал досега умно ги избегнуваше прашањата за крајот на кариерата, но сега 17- кратниот гренд слем шампион признава дека крајот е блиску по речиси 20 години професионален тенис.

  • Животот нуди големи работи, не само во тенисот, така што тоа не ме плаши, помислата дека ќе треба да се сопре еден еден ден е реалност за мене. Кога ќе почувствувам дека немам шанси да се натпреварувам за работите кои ме прават среќен, ќе правам нешто друго. Сега сум во Австралија за многу добар турнир и зошто да не, да одам по титулата, истакна Надал.

Шпанецот во јуни ќе наполни 33 години, а во кариерата имаше низа проблеми со коленото, грбот, зглобот на раката и стомачните мускули, а во ноември беше на операција на скочниот зглоб.

  • Се подготвувам за мојата иднина, секако. Ја имам тениската академија, фондацијата, различни работи кои сакам да ги правам и сигурно нема да бидам еден од тие момци кои ќе завршат кариера и ќе останат дома да ловат риба и да играат голф. Да, ќе имам шанси да го правам и тоа, но секогаш сум подготвен за нова работа и ново искуство, додаде Надал.

Реклама
Реклама

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com