Connect with us

Фудбал

Ричарлисон гаѓан со банани додека славеше гол (ВИДЕО)

Напаѓачот Ричарлисон беше гаѓан со банана додека славеше гол за репрезентацијата на Бразил во нивната пријателска победа од 5-1 над Тунис.

Натпреварот се играше во Франција, а навивачите му фрлија банана во нозете на играчот во 19. минута додека го прославуваше својот втор гол на натпреварот.

Веднаш по инцидентот имаше реакција од Бразилската фудбалска конфедерација.

„За жал, за време на натпреварот една банана беше фрлена на теренот кај Ричарлисон, стрелецот на вториот гол на Бразил. ЦБФ го повторува својот став осудувајќи и отфрлајќи секаква форма на дискриминација“, се вели во соопштението на организацијата.