Connect with us

Други спортови

Рикардо: Ми требаше ново искуство

Австралискиот возач Даниел Рикардо ќе вози за Рено следната сезона.

Заминувањето на Рикардо од Ред Бул е забележано извесно време, но малкумина очекуваа дека овој 29-годишен возач ќе ја продолжи кариерата во Рено.

Тој вели дека по пет години, му требаше ново искуство.

“Мислам дека е време за ново и свежо искуство, сфатив дека морам да направам нешто”, изјави Рикардио по потпишувањето за Рено.

Рикардо призна дека за него ова беше најтешката одлука во својата кариера, што досега ја помина, но исто така и дека е импресиониран од напредокот на Рено во последните две години.