Connect with us

Други спортови

Рикардо: Ризично е да потпишете едногодишен договор за да бидете слободен агент во 2022 година

Даниел Рикардо, пилотот кој управува со болидот на Рено смета дека одложувањето на воведувањето на нови технички регулативи од 2021 до 2022 година нема сериозно да влијае на ситуацијата со трансферите.

„Сега сè е збунувачко, тешко е да се предвиди нешто, но верувам дека возачите ќе донесат правилни одлуки без оглед на ситуацијата. Тешко е да се замисли дека некој сака да потпише едногодишен договор само за да стане слободен агент во 2022 година – ова е ризик. Со исклучок на уникатните ситуации, едногодишниот договор не е идеална опција, затоа мислам дека трансферите склучени оваа година ќе се одвиваат и според старите регулативи и со новата од сезоната 2022 година“, изјави Рикардо.

Повеќето од возачите во тимовите од шампионатиот во Формула 1, сè уште немаат склучено нови договори.

На продолжување на соработката со своите сегашни тимови потпис имаат ставено само Макс Верстапен од Ред Бул и Шарл Леклер од Ферари.