Фудбал
Рио Фердинанд ги откри своите фаворити во четвртфиналето на Лигата на шампионите
Пензионираниот фудбалер, а денеска стручниот коментатор Рио Фердинанд (44) прогнозираше кој ќе се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите. За потсетување, со ждрепка беше одлучено во четврт-финалето да играат Манчестер Сити – Баерн, Реал Мадрид – Челзи, Интер – Бенфика и Милан – Наполи.
Фердинанд верува дека ќе поминат Реал Мадрид, Манчестер Сити, Интер и Наполи, што значи дека полуфиналните двојки би биле Сити – Реал и Интер – Наполи. Поранешниот дефанзивец на англиската репрезентација и Манчестер Јунајтед минатиот месец изјави дека му е тешко да избере фаворит за освојување на натпреварувањето, но сепак го избра Манчестер Сити, нагласувајќи ја важноста на напаѓачот Ерлинг Халанд и тренерот Пеп Гвардиола.
Qualifying…..
Real
City
Inter
Napoli https://t.co/bVZiow6M73— Rio Ferdinand (@rioferdy5) March 17, 2023
Првите натпревари од четвртфиналето ќе се играат на 11 и 12 април, а реваншите ќе се играат една недела подоцна. Точниот распоред за четвртфиналето ќе биде објавен подоцна денеска. Финалето е на 10 јуни во Истанбул.