Фудбал
Ристовски: Ако сакаме резултат, не треба само да се браниме, туку и да напаѓаме!
Македонија утре во Скопје со почеток во 20:45 часот ја пречекува Украина во рамките од квалификациите за пласман на ЕП. Капитенот Стефан Ристовски пред мечот го изјави следново:
„Украина е една од селекциите која ја сметаат за „нефаворит“, ама играат одличен фудбал. Со нив игравме на Европското првенство, а покажавме две различни полувремиња. Направивме грешки кои ривалот ги казни. Ако сакаме да се надеваме на резултат на домашен терен, тогаш ќе мора да одиграме максимално и ни треба еден перфектен меч.
– Ако сакаш нешто повеќе со вакви селекции, не може само да се браниш, мора нешто да направиме и во офанзива, да задржиме топка. Во фудбалот сѐ е можно. Ни треба максимален фокус од прва до последна минута. Спремни сме и се надевам со поддршка од навивачите која ќе ни биде ветер во грб ќе дојдеме до позитивен резултат“.