Connect with us

Фудбал

Ристовски асистираше за еврогол на Кабрал – победа на Спортинг Лисабон

Спортинг Лисабон со 3-1 победи на гостувањето кај Белиненсес, Стефан Ристовски асистираше за вториот погодок.

Десниот бек мина 73. минути на денешниот меч, а асистираше при вториот погодок на тимот од Лисабон. Ристовски одлично центираше од десната страна, а неговата  асистенција со гол ја круниса Јован Кабрал во 36. минута.

Спортинг Лисабон овој меч го играше во чест на францускиот дефанзивец Жереми Матие кој се повреди на тренинг по што реши да стави крај на кариерата бидејќи има 36 години. Сите фудбалери денеска носеа дрес со неговото презиме.