Фудбал
Ристовски: Имаме сили да ја победиме Португалија
Фудбалската репрезентација на Македонија во Палермо ја совлада Италија со голто на Трајковски во втортата минута од судиското надополнување.
По натпреварот Стефан ристовски изјави дека имаме да ја победиме и португалија во финалето.
„Не можам се уште да поверувам што направивме. Се надевам и јас ќе дочекам дочек пред полн плоштад во Скопје. Имаме сили да ја победиме Португалија, имаме енергија, не сме уморни и исполнети сме целосно. Сакам прво да прославиме, а потоа ќе се спремаме за гостувањето во Порто“, изјави Ристовски.